Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, март 2015

Според податоците на Државниот завод за статистика, во март 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0.2% на месечно ниво, а се пониски за 3.6% на годишно ниво.

Во март 2015, во споредба со февруари 2015, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за 0.7%, во секторот Преработувачка индустрија за 0.3%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација се пониски за 1.1%.

Во март 2015, во споредба со март 2014, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење на камен за 2.7% и во секторот Преработувачка индустрија за 4.2%, а се повисоки во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3.6%.