Министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска денеска се сретна со една од најпознатите светски оперски певици Даниела Деси од Италија, која на 21 мај како ексклузивен гостин на 43.Мајски оперски вечери ќе настапи во операта „Адријана Лекуврер“ од Франческо Чилеа, заедно со други италијански оперски пејачи, како и со македонскиte уметници Ѓорѓи Цуцковски, Александар Стефановски и Дејан Стоев.
„Убедена сум дека македонската јавност односно љубителите на македонската опера навистина ќе имаат еднапрекрасна вечер. Сите знаеме дека Даниела Деси јавноста ја очекува овие денови. Убедена сум дека оперската певица ќе ни приреди едно несекојдневно уметничко доживување за сите љубители на оперската уметност кај нас. Ги знаеме сите успеси на Даниела Деси, сите награди, целокупнопто нејзино творештво кое е огромно“, истакнаКанческа-Милевска.
Мајските оперски вечери, посочи министерката, се една најпрестижна манифестација во Македонија, на која учествуваат голем број светски имиња. Нагласи дека Министерството за култура дава силна поддршка на Мајските оперски вечери и дека како и досега и во иднина ќе продолжат со целосна финансиска поддршка на таа манифестација.
„И оваа година навистина имавме убава богата програма. Сакам да изразам благодарност до директорот на МОБ, до уметничкиот директор за нивните заложби што поголем број светски имиња и светски уметници се присутни на нашата музичка сцена,“ потенцира Канческа – Милевска.
Министерката и посака голем успех на Деси в четврток и изрази надеж дека оваа соработка со МОБ ќе продолжи и во иднина и што почесто ќе ја гледаме светски познатата певица во Македонија.
На Даниела Деси, укажа Канческа – Милевска, и пренесов дека како држава како Република Македонија имаме одлична соработка во областа на културата со Италија, со италијанската Амбасада во Македонија.
„Јавноста е запознаена со сите проекти кои заеднички ги реализиравме изминатиот период. Ме радува што и оваа година на Мајските оперски вечери имаме повторно голем број италијански уметници. Ја информирав и за други активности кои ги реализиравме како што беше прекрасната изложба на Мозаиците од Равена во Археолошкиот музеј,нашето вклучување и соработката со Џифони фестивал, како и многу други проекти врз основа и на програмата за културна соработка која ја има потпишано Министерството за култура на Република Македонија со Министерството за култура на Италија“, додаде Канческа – Милевска.
Деси се заблагодари за гостопримливоста, за пречекот и истакна дека е среќна што е тука.
„Убава е земјата, се дека ќе имам можност да ја запознаам уште поубаво и во иднина и ја прифаќам поканата на минис- терката повторно да се вратам. Ќе направиме колку што може подобро вечерта кога ќе настапам да биде за паметење и сите да бидат задоволни и среќни“, додаде Деси.