Охридските гимназијалци со нови успеси

На регионалниот натпревар кој се одржа на 27-ми април во Битола оркестарот од ОСУ „Св.Климент Охридски“ под менторство на проф. Љупчо Аслимоски го освои првото место, со што се стекна со право на учество на Републичките оркестарски смотри во Кавадарци. Истите се одржаа на 9-ти мај, а оркестарот на училиштето повторно ги освои максималниот број на бодови и првото место .

На Државниот натпревар по хемија кој се одржа на 16-ти мај во Скопје, учениците од ОСУ„Св.Климент Охридски“- Охрид остварија одлични резултати при што Бојан Глушица ученик во III година го освои второто место, а Ана Бојаџиева ученик во II година го освои третото место.