Градоначалникот Бакрачески на средба со министерот Ивановски

Градоначалникот Никола Бакрачески, синоќа во Охрид имаше работна вечера со министерот за Информатичко општество и администрација, Иво Ивановски и со претставници на Агенцијата за електронски комуникации. Повод за средбата беше отворањето на дводневната Меѓународната регулаторна конференција што трета година по ред се одржува во Охрид.

Вчера, на воведната сесија обраќање имаше министерот Иваноски кој се осврна на важноста на информациско- комуникацискиот технолошки развој, кој е директно зависен од распространетоста на широкопојасниот интернет.

На конференцијата, претставници на регулаторни тела од земјите учеснички: Србија, Бугарија, Црна Гора, Финска, Турција, Хрватска, Романија, Кипар, Молдавија, Кралството Белгија, Албанија, Косово и останати држави од регионот и од Европа,дебатираат на теми од областа на регулација на електронските комуникации. Меѓу другото на средбата се разгледуваат можностите како со регулаторни мерки и помош да се поттикне развојот на нови технологии и нови услуги за сите корисници на оваа индустрија.

Конференцијата завршува денес со дискусии посветени на индустријата за електронски комуникации. Денес ќе се одржат и бројни презентации за иднината на електронските комуникации. Презентациите ќе ги реализираат операторите за јавни елекронски комуникациски услуги: Македонски Телеком, ONE телекомуникациски услуги и VIP оператор.

IT_konferencija_2015_4852