Работнички го освои фудбалскиот Куп на Македонија

Работнички го победи Тетекс со 2:1 и го освои фудбалскиот Куп на Македонија.

Во првото полувреме играта беше изедначена со шанси на обете страни. Сепак, Тетекс успеа да поведе со голот на Чурлинов во последната минута од првиот дел.

Работнички успеа да направи пресврт во второто полувреме. Во 68 минута Баже Илијоски изедначи на 1:1, додека пак четири минути подоцна Марјан Алтипармакоски постигна гол за победа на Работнички.

Работнички успеа да ја одбрани минатогодишната титула во Купот на Македонија, која вкупно е четврта Куп титула за тимот на Работнички.

Kup2015Finale03 Kup2015Finale02

WebOhrid