Со пригодна свеченост утре (недела), пред монументалниот споменик на Св. Кирил и Методиј, општина Охрид ќе го одбележи 24 мај- денот на сесловенските просветители.
На случувањето ќе бидат доделени награди на ученици од основните и средните училишта кои постигнале значајни резултати на државни и меѓународни натпреварувања по што ќе се одржи културно -уметничка програма.
Настанот е закажан за 11:00 часот.