Вчера околу 22,30 часот во Скопје на бул.„Александар Македонски“, пред хотел „Континентал“, од страна на повеќе лица, физички биле нападнати А.У.(19) матурант и М.А.(22). Причина за физичкиот напад е поради истакнување на македонско знаме во холот на хотелот. Притоа, М.А. бил удрен со тупаница од што се здобил со црвенило и оток, а А.У. бил удрен со шише во пределот на главата и се здобил со расекотина на челото. Потоа, околу 02,15 часот на 26.05.2015 година, дошол Т.А.(41)- родител на матурантот за да ги земе децата по завршување на прославата. Според пријавата додека истите се движеле ПМВ „Фиат пунто“ на бул.„Никола Карев“ биле следени од ПМВ „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. Во близина на касарната Илинден на ПМВ „Фиат пунто“ му бил попречен патот од ПМВ “Ауди” со скопски регистарски ознаки, од кое излегле неколку лица и со палки и со закана со пиштол, почнале да удираат по возилото, а А.У., Д.А. и Д.Н. кои се превезувале во него се здобиле со телесни повреди (расекотини од стакло). Во ПС ОН Кисела Вода, во присуство на родител, приведено е едно лице и истиот е задржан за понатамошна постапка. СВР-Скопје превзема мерки за расчистување на настанот и пронаоѓање на сите сторители.