Проектот „Садница плус“ во ОУ „Григор Прличев“

Денес учениците од ОУ „Григор Прличев“ се вклучија во проектот „Садница плус“. Водечка идеја на овој проект е секој ученик преку сопствено искуство да се почуствува одговорен, активен, како дел од целина која заеднички функционира, a исто така да се поттикне индивидуалната одговорност и истовремено да се зајакне синергијата и заедништвото.

„Проектот има едукативна и еколошка функција. Нашето училиште доби семе од ела (Abies alba) за секој ученик, плакати за училница, како и упатство за секој наставник. Посаденото семе нашите ученици ќе го чуваат во училниците, за да можат учениците да го следат никнувањето и растењето на елата, а со тоа ќе се разбуди грижата за тоа што ќе го насадат.- велат од училиштето

Оттаму додаваат дека на есенската акција елките ќе бидат засадени во училишниот двор.

Целта на проектот е да се постигне дружење, заедништво и полезна социјализација која повторно би ги привлекла младите да се дружат поради некоја повисока заедничка цел.