Годишен концерт на ОМУ „Методи Патче“ Охрид

Вечерва во катедралната црква „Света Софија“,  со почеток во 20:00 часот ќе се одржи традиционалниот годишен концерт на ОМУ „Методи Патче“ од Охрид.

„Ги покануваме сите љубители на класичната музика да дојдат да ги поддржат младите музички таленти.“-  вели директорката на ОМУ „Методи Патче“, Нина Момировска.

На концертот ќе настапат  ученици кои освоиле награди и признанија на државните и меѓународните натпревари, хорот и оркестарот кои работат во рамките на ова училиште.

WebOhrid