Рокот за аплицирање на КОНКУРС за доделување бесплатни курсеви од следниве стручни профили: заварувачи, готвачи, шивачи и машинисти-фини подесувачи на машини за невработени лица од Општина Охрид, се пролонгира до 06.06.2015 година (среда).
Заинтересираните кандидати потребните документи треба да ги достават на адреса: Општина Охрид, ул. „Димитар Влахов“ бр. 57 – Охрид, во затворен коверт со назнака „За комисијата за спроведување на Конкурсот за бесплатни курсеви за стручни обуки, како и обуки за преквалификација и доквалификација, за невработени лица од општина Охрид, или во архивата на општина Охрид.