Како шлаг на торта беше вчерашниот настап на малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“, на театарската актерска група на младите на Црвен крст Крагуевац со музичко-едукативниот перформанс „ПХВ КАБАРЕ“, што воедно и го затвори второто издание на Аматерски младински театарски фестивал „ВДИШИ ТЕАТАР“. На креативен начин младите актери го истакнаа значењето на толеранцијата, недискриминацијата, неконфликтноста и презентираа начини за практикување на истите.
И оваа година Аматерскиот младински театарски фестивал ги исполна очекувањата на организаторот Црвен крст Охрид, а ценејќи според посетеноста и позитивните реакции и коментари на публиката, „ВДИШИ ТЕАТАР“ го најде и оправда своето место во охридскиот културен простор.