Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во март 2015 година, во однос на март 2014 година, изнесува 102.3.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (9.0%), Други услужни дејности (7.3%) и Финансиски дејности и дејности на осигурување (6.3%).
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (15.1%), Земјоделство, шумарство и рибарство (6.6%) и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4.9%).
Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2015 изнесува 31. 455 денари.
Во март 2015 година, 1.1% од вработените во Република Македонија не примиле плата.