Тешка сообраќајка кај Стража, едно лице загина

Вчера околу 16:10 часот на магистралниот пат Гостивар – Кичево на 2км од „Мавровска раскрсница“ се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ„Форд Фокус“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Хаки Џ. (51) од с.Чајле и минибус „Мерцедес“ струшки регистарски ознаки управувано од В.Ш.(66) од с.Велешта – Струга, при што на местото на настанот починал возачот на ПМВ Хаки Џ., а со повреди се здобиле сопатниците во минибусот: Ф.Б.(26) од с.Србица – Кичево и Д.Л.(35) од с.Вевчани-Струга. На истите им била укажана лекарска помош во УЦ-Гостивар. Увид извршиле ЈО и увидна екипа на СВР-Тетово, а по наредба на ЈО телото на починатиот е предадено за обдукција.