Утре, 1-ви јуни (понеделник), во црквата „Света Софија“ – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Втор ден Духовден“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
По завршувањето на светата литургија ќе биде промовирана книгата „Преполовение или Руса Среда“, од дипломираниот теолог Виктор Недески од Охрид.