Изминатиот викенд по „Булевар Туристичка„ беа искршени пет канти за депонирање на ситен отпад. Не изминаа 15 дена откако овие канти беа поставени од страна на ЈП „Охридски Комуналец“ во близина на автобуските постојки, детските игралишта и обрзовните нституции, а веќе голем дел од нив се оштетени или комплетно уништени, велат од претпријатието.
Поради несовесноста, ниската култура и вандалско однесување голем број на јавни добра во градот намерно се уништуваат, додаваат оттаму.
„Ваквиот однос не само што го нагрдува ликот на градот , туку не принудува повторно да се трошат средства за поправка и поставување на нова инфраструктурна опрема. И овој пат ќе упатиме апел до сите надлежни институции за поголем ангажман и санкционирање на сторителите.“- додаваат од претпријатието.