Изјава за медиуми
Филип Медарски, адвокат
На денешното рочиште за оцена на обвинението, одбраната ги изнесе аргументите за неоснованоста на поднесеното обвинение. Очекуваме судот по разгледување на нашата аргументација да го одбие обвинението како неосновано.
Одговори на новинарски прашања
Медиуми: Кои беа вашите главни забелешки во однос на пропустите во обвинението?
Медарски: Главните пропусти беа тоа што описот на кривичните дела даден во обвинението не одговара на законските битиа на кривичните дела на начин како што тоа е пропишано со Кривичниот законик.
Медиуми: Можете ли да кажете некои детали, на пример вие говоревте дека, сега јас да не набројувам, дека не се споменува на која странска земја и се давале информациите и останатото…
Медарски: Па повеќе детали овде не би изнесувал. Сите бевте внатре, главните аргументи на одбраната ги чувте. Точно е тоа дека на пример во обвинението не е прецизирано за која странска држава, организација или лице што им служи, се прибирани наводно тие информации, со намера да бидат предадени. Ова е една од тие аномалии на обвинението кое што ние ги истакнавме. Има и други, но сите бевте внатре и го чувте тоа.
Медиуми: Дали има основ да се поднесе обвинение за шпипнажа всушност?
Медарски: Наш став е дека апсолутно вака поднесеното обвинение за шпионажа не може да опстои. Судот не може да постапува по вака поднесеното обвинение за шпионажа.
Медиуми: Во кој контекст, во обвинителниот акт се споменува дека материјалите се собрани и им се дадени на лица од Албанија и Израел?
Медарски: Тоа не би го коментирал. Тоа не беше мој навод така што не би можел да го коментирам. Во самото обвинение нема таква назнака.
Медиуми: Зошто побаравте иземање на…
Медарски: Побаравме издвојување на материјалите прибрани од посебните истражни мерки од повеќе причини коишто детално беа образложени. Една од таквите причини е груби повреди на самата постапка за прибирање на материјалите од посебните истражни мерки.
Извор: www.sdsm.org.mk