Објавен е тендерот за изградба на затворениот пливачки базен во Охрид. Објектот ќе се простира на површина од 15 илјади квадратни метри, со предвидени трибини и над 500 седишта, со димензии на базенот од 33 на 22 метри.
Со ова како што велат од Агенцијата за млади и спорт, по долги години исчекување Охрид и охриѓани ќе добијат затворен базен во чии рамки ќе има и деловен простор.
Вредноста на инвестицијата е околу 5 милиони евра, а како инвеститор се јавува Агенцијата за млади и спорт.
Со реализацијата на проектот кој ќе ги реинкарнира спортовите по кои Охрид беше препознатлив, а тоа се пливањето и ватерполото, ќе се реализира уште едно од барањата на охриѓани, кое беше преточено во програмата на Владата на Република Македонија.