Вчера, во просториите на Црвен крст Охрид, на мала свечаност во присуство на родителите, на втората генерација на ученици кои успешно ја завршија тригодишната Бреинобреин програмата за развивање на животни вештини во Центарот БОБ-Црвен крст Охрид, од страна на тренерите им беа доделени дипломите за завршено, последното 10-то ниво од оваа програма.
Бреинобреин- Црвен крст Охрид Центарот за развивање на животни вештини работи под франшизерство на Бреинобреин академијата од Ченаи, Индија. Во центарот се имплементира едукативна програма наменета за деца од 4-14 годишна возраст кои преку најразлични техники и вештини ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат способностите за фотографска меморија, концентрација, нумерички и вербални способности, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми. Оваа светски призната и докажана програма ја спроведуваат високо професионални тренери со искуство во работа со деца и обучени од меѓународни инструктори.
Бреинобреин програмата во Црвен крст Охрид во моментов ја следат преку 60 деца, а во септември започнуваат уписите на нови групи.