Се намалуваат цените на горивата

Малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,68%.

Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 не се променува, односно останува на исто ниво утврдена со Одлуката од 18.05.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 70,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 18.05.2015 година и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 72,00 ден/лит. Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 18.05.2015 година и со тоа цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 57,00 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 45,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 1,171 ден/кг, во однос на цената утврдена согласно Одлуката од 18.05.2015 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 27,763 ден/кг.