Меѓународен курс за управување со чамци

Со поддршка на Програмата за контрола на извозот и граничната безбедност (EXBS) при Амбасадата на САД во Скопје беше реализран меѓународен курс за управување со чамци на Крајбрежната стража на САД. Курсот беше одржан минатиот месец во водите на Охридското Езеро и езерското крајбрежје.

На меѓународниот курс учествуваа полициски службеници од РЦ за ГР-Запад и Југ и царински службеници од Царинската управа на Р. Македонија и полициски службеници од Р. Албанија и Р. Косово.

Курсот е наменет за гранични полицајци и царински службеници што работат на езерски патролни активности. Курсот беше воден инструктори на Крајбрежната стража на САД .Целта на овој курсот беше да ги запознае службениците со постапките за безбедно и ефикасно управување со чамци помали од15 метри во должина.

Обуката вклучува теми за одговорноста на персоналот за чамците, управување со ризици, вештини во пристаниште, превентивно оддржување, вештини за управување со чамци, спасување на пероналот, контрола на жртви како и пловење и процеси за проценка на ризик.