Ќе се промовира книгата „Бруклин“ од Дамјана Видическа

Утре, среда (3-ти јуни) во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе биде промовирана книгата „Бруклин“ на авторката Дамјана Видическа.

Оваа книга е третото дело на Видическа. Пред тоа ги има издадено книгите „Мојата фамилија“ објавена во 2009 година и „Седумте желби“ објавена во 2011-та година.

Почетокот на промоцијата на најновиот роман е во 13 часот и 30 минути, во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.