НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид од денес со нова web-страна

Најновите информации за работата на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, од денеска може да се најдат на новата веб локација на Библиотеката која ја има следнава адреса: www.bibliotekaohrid.mk 

Тука ќе бидат поставени информации кои се однесуваат на организациската поставеност, развој, проекти, нови наслови и активности во Библиотеката.

Страната е изработена во соработка со Факултетот за информатичка технологија „Св.Апостол Павле“ од Охрид во рамки на проектот „1000 идеи за подобар Охрид“, а креатор на истата е Назмије Денкоски.