Македонски дела ќе се објават на шпански, српски и на бугарски јазик

Десет книги од македонски автори ќе бидат преведени на шпански, српски и на бугарски јазик. Ова се најновите резултати од Конкурсот за финансирање преводи на репрезентативни дела од македонската книжевност од странски издавачки куќи кој е дел од програмата на Владата и на Министерството за култура. Најновите резултати на денешната прес-конференција ги соопшти министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска.

„Со најновите резултати од Конкурсот за странски издавачи, бројката на поддржани апликации во рамките на оваа стимулативна мерка за 2014 и 2015 година се заокружува на 40 дела од 30 македонски автори, кои ќе бидат преведени на 16 странски јазици: полски, српски, руски, германски, словенечки, украински, хрватски, француски, бугарски, црногорски, албански, турски, италијански, ерменски, дански и шпански“ – истакна Канческа-Милевска.

Издавачката куќа „АВЕКА“ на шпански јазик ќе го објави делото „Слики и сенки“, избор од поетското творештво наЉубомир Груевски. Ова издание ќе биде објавено и на српски јазик од страна на Здружението на писателите наСрбија. Книгата поезија „Препреки“ на Ристо Лазаров на српски јазик ќе ја објави Народната библиотека од Србија „СТЕФАН ПРВОВЕНЧАНИ“. Издавачката куќа „ЕРГО“ од Бугарија ќе го објави на бугарски јазик делото „Избор поезија“ на Анте Поповски. Издавачката куќа „ПЕРСЕЈ“ на бугарски јазик ќе го објави романот на младата авторка Фросина Пармаковска, „Вишнова хроника“ кој беше и годинашен финалист на конкурсот на Утрински весник „Роман нагодината“. Истата издавачка куќа, „ПЕРСЕЈ“, на бугарски јазик ќе го преведе и романот „Сплаварот“ на Владимир Плавевски. Издавачката куќа „ИЗИДА“ на бугарски јазик ќе ги преведе првиот роман на младиот автор Давор Стојановски, „Ненасловена месечева соната“ и книгата која содржи два романа, „И човек и пес“ на Владо Димовски.Издавачката куќа „АГОРА“ на српски јазик ќе ги објави романите „Во очекување на Нобеловата награда“ на Душко Родев и „Резервен живот“ на Лидија Димковска.

Министерката за култура информира дека на новиот конкурс за странски издавачи за 2015 година, објавен во јануари и што ќе биде отворен во текот на целата година, пристигнале 17 пријави од Србија, Шпанија, Бугарија и Италија.Селекцијата ја извршила стручна комисија, претседател Нове Цветаноски и членовите проф. д-р Виолета Димова и м-р Енвер Беќири. Таа изрази уверување дека бројот на поддржани преводи на најрепрезентативните дела од македонската литература иво иднина рапидно ќе се зголемува.

„Овој проект заедно со останатите капитални проекти од областа на издавачката и литературната дејност кои ги реализиравме во изминатиот период уште еднаш пред светот ќе ги потврди големите творечки потенцијали ибогатството на македонската книжевност“, рече Канческа- Милевска. За овие десет дела од буџетот се издвоени околу 20 илјади евра.

Цветаноски потенцира дека се поддржани уште десет квалитетни дела од квалитетни и афирмирани македонскиавтори. – Тоа се дела кои имаат високи естетски и литерарни вредности и уверен сум дека по нивното објавување ќебидат соодветно третирани и ќе наидат на добар прием, рече Цветаноски.

Од објавувањето на првиот конкурс во јануари 2014 година до денеска до Министерството за култура се доставени 67 апликации од 38 издавачки куќи од цела Европа.

04_stranski_izdavaci_640