Нов закон за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост

Во Службен весник на Република Македонија бр. 88 од 28.05.2015 година објавен е новиот Закон за царински мерки за спроведување на заштита на правата од интелектуална сопственост. Структурата на истиот е изработена врз основа на новата регулатива на ЕУ бр. 608/2013, при што постои значителна разлика во врска со постојниот Закон за царински мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост, кој е базиран на старата Регулатива на ЕУ бр. 1383/2003.

Со денот на влегувањето во сила на овој Закон престанува да важи Законот за царински мерки за заштита на правата од интелектуална сопственост (,,Службен весник на Република Македонија” број 38/05, 107/07, 135/11 и 69/13).