Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ хортикултурно го уредија просторот во центарот на село Подмоље, околу игралиштето.
„Теренот беше реконструиран со раскопување и оплеменување со 20 м3 плодна земја, засадена е трева, 50 зимзелени садници и 40 цветни декоративни грмушки.“- велат од претпријатието.
Оттаму додаваат дека и улиците во стариот дел од градот и патеките кои водат до Самоилова Тврдина, Канео, Лабино и Плаошник хортикултурно се дотеруваат.
„Веќе трет пат е опфатен стариот дел на градот со косење заради бујната вегетација во пролетниот период.“- додааваат од претпријатието.