Според податоците на Државниот завод за статистика добиени од извештајните единици, во 2014 година, во Република Македонија, со радиодифузна дејност се занимавале 132 радиодифузери од кои 69 емитуваат радиопрограма, а 63 телевизиска програма.
Од радиодифузерите кои емитуваат радиопрограма, еден е јавно радиодифузно претпријатие, 65 се трговски радиодифузни друштва и 3 се непрофитни радиодифузни установи.
Според податоците, јавното радиодифузно претпријатие кое емитува радиопрограма емитувало вкупно 37 490 часа, од кои најголем дел или 62.2% се музичка програма.
Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат радио програма емитувале вкупно 517 043 часа радиопрограма, од кои најголем дел или 62.0% се, исто така, музичка програма.
Од радиодифузерите кои емитуваат телевизиска програма, еден е јавно радиодифузно претпријатие, а 62 се трговски радиодифузни друштва.
Јавното радиодифузно претпријатија кое емитувало телевизиска програма емитувало вкупно 20 197 часа телевизиска програма, од кои најголем дел или 14.5% се играна програма.
Трговските радиодифузни друштва кои емитуваат телевизиска програма емитувале вкупно 476 067 часа телевизиска програма, од која најголем дел или 24.6% се играна програма.