Се воведе електронски пристап за стаж

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија Амет Даути информираа за новата услуга Е-пристап, електронски пристап за увид во стаж на осигурување и плати.

„Сакаме да информираме за проектите на министерството за труд и социјална политика и Фондот за пензинско и инвалидско осигурување коишто се во насока на подигнување на степенот на информираност на граѓаните за податоците за стаж и осигурување, проекти кои што ќе влијаат на зголемување на транспарентноста во работата на институциите, проекти коишто ќе влијаат во зголемување отвореноста на институциите кон граѓаните, како и намалување на гужвите на шалтерите, а со тоа и трошоците кои ги сносат граѓаните за остварување на своите права и за добивање на релевантни информации за податоците за стаж и осигурување. Проекти кои ќе ја зголемат информираноста на граѓаните, а со тоа и заштитата на правата на граѓаните за пензинско и нвалидско осигурување“, рече Спасов.

Тој потенцираше дека со измените на Законот за пензинското и инвалидското осигурување коишто се направија кон крајот на 2014 година се воведе системска мерка за зголемување на информираноста на граѓаните за податоците за стаж и за осигурување.

„Би сакале на денешната прес конференција да ги промовираме двата проекти, односно, Проектот за електронски пристап до податоците за стаж и осигурување за граѓаните во Република Македонија со кој денес па натаму секој заинтересиран граѓанин којшто сака да има електронски пристап до базата на податоци на Фондот за пензинското и инвалидското осигурување ќе биде потребно само еднаш да дојде во канцелариите на Фондот да го подигне своето корисничко име и лозинка и оттогаш па натаму да има електронски пристап само тој до сопствените податоци за стаж и осигурување и на тој начин континуирано да биде информиран за своите права, дали работодавачот каде што работи навремено му ги исплаќа придонесите или пак дали има недостатоци во неговите податоци коишто би можел да ги корегира“, информираше Спасов.

Во однос на вториот проект којшто е во иста насока, односно золемување на информираноса на граѓаните и транспарентноста на работењето на институциите е и Проектот Информирање на граѓаните за нивниот стаж, односно повторно со системска мерка, системски Проект кој што е дел од Програмата на Владата на Република Македонија, така два пати годишно, до 15 февруари првиот пат и до 15 јули, вториот пат, Фондот за пензинското и инвалидското осигурување на Македонија електронски до работдавачите за сите нивни вработени ќе доставува податоци за стаж и осигурување коишто понатаму работодавачите се должни да ги достават достават до своите вработени.

„Сега започнуваме со втората фаза, односно Фондот до 15 јули до сите работодавачи по електронски пат ќе ги достави податоците за нивните вработени коишто понатаму компаниите ќе ги дистрибуираат до своите вработени, исто така и ќе ги достави по писмен пат податоците за земјоделците и за самовработените лица за коишто не поседува електронска пошта. Би сакал да споменам дека и понатаму продолжува проектот отворени денови „Ден за вас“, кој го реализира Фондот за пензинското и инвалидското осигурување на Република Македонија. До сега се реализираше во повеќе од 16 општини и понатаму ќе продолжиме да бидеме подостапни до граѓаните и да ги информираме за податоците за стаж и осигурување кои што ги интересира“, рече Спасов.

Тој информираше дека како разултат на првото известување и информирање за стажот коешто го направивме оваа година, односно до 15 февруари, доставивме податоци за над 520.000 вработени, односно би сакал да напоменам дека околу 51.500 граѓани на Република Македонија си имаат направено корекција на своите податоци, односно најчесто во периодот пред воведувањето на интегрираната наплата на социјални придонеси пред периодот пред 2009 година постои можност во нивната база на податоци да недостасувале определени години стаж, и токму поради тоа ги воведовме овие проекти за да се среди базата на податоци и да се средат податоците за секој осигуреник на Република Македонија“, заврши Спасов.