Се доуредува и разубавува кејот во Пештани

Во рибарската населба Пештани во тек се активностите од втората фаза која се однесува на изградбата на пешачката патека по должината на езерскиот кеј од Рибниот ресторан кон Охрид. Во моментов завршени се 80 % од градежните активности .

Во изминатиов период, просторот на патеката беше комплетно тампониран, а на површина од 450 метри квадратни поставени се бехатон елементи. По целата површина на патеката поставени се инсталации за ново улично осветлување како и инсталации за наводнување. Во моментов се уредуваат жардинјери и просторот се подготвува за хортикултурно разубавување.

Втората фаза од уредувањето на кејот во Пештани се очекува да биде заокружена наредната недела, а активностите ги реализираа охридските јавни претпријатија.

Минатата година беше завршена првата фаза од проектот која се однесуваше на уредување на кејот од рибниот ресторан до поранешната полициска станица.

Pestani_trotoar_maj_2015_4851 Pestani_trotoar_maj_2015_4852