Поддршка од Општина Охрид за културни настани и случувања

По повод одржувањето на литературната манифестација, „Години на есејот“ што од 3-ти до 5-ти јуни се одржува во Охрид, Струга и Вевчани, заменик градоначалникот Ангел Јанев попладнево присуствуваше на Арт- работилницата што се одржа во Охрид.

Организатор на културното случување е Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“ од Струга. На настанот учествуваа писатели од Македонија, Хрватска, Србија, Албанија, Бугарија, Украина, Русија, Австралија и Канада.