Одржана церемонијата за апсолвентите на ДУТ

Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, присуствуваше на церемонијата по повод завршување на студиите на студентите од завршните години на Државниот Универзитет во Тетово. Адеми во оваа пригода истакна дека бројот 1446 апсолвенти, говори дека ДУТ е меѓу најуспешните универзитети во Република Македонија.

„Пред Вас е нов период од животот. Со земањето на дипломата в раце, Вие ќе добиете можност да го работите она што го сакате, она за што сте се определиле да биде ваша животна професија при запишувањто на Државниот Универзитет во Тетово. Јас сум убеден дека благодарение на професионалните вештини кои ги поседувате, брзо ќе се вработите. Дел од Вас ќе го продолжат своето образование на втор и на трет циклус на студии. Меѓу нив се можеби идните професори кои ќе ја продолжат успешната традиција на сегашниот наставен кадар од овој универзитет, или пак ќе предаваат на некои од најреномираните Универзитети во светот“, рече Адеми.

Адеми им се обрати и на професорите заблагодарувајќи им се што образуваат квалитетни студенти кои се развиваат во позитивни личности кои размислуваат со своја глава и кои се креатори на својата иднина.