Претседателот Иванов се сретна со австрискиот претседател Фишер и српскиот претседател Николиќ

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во рамки на Самитот на претседатели на „Процесот Брдо – Бриони”, кој се одржува во Будва, Црна Гора, имаше одвоени средби со претседателот на Република Австрија г. Хајнц Фишер со претседателот на Република Србија, г.Томислав Николиќ.

На средбата со австрискиот претседател беше изразено задоволство од севкупната билатерална соработка меѓу двете земји, како и од одржувањето на интензивниот политички дијалог на највисоко ниво.

Во контекст на македонската интеграција во Европската унија, претседателот Иванов изрази очекување за натамошна силна поддршка од Република Австрија за неодложен почеток на пристапните преговори за членство и се заблагодари за досегашната континуирана и принципиелна поддршка од Република Австрија.

Претседателот Фишер поздравувајќи ја улогата на ЕУ во надминување на политичката криза, нагласи дека Република Македонија треба да ги засили реформските процеси со цел надминување на слабостите посочени од Европската комисија, но истовремено дека ја поддржува силно евроинтеграцијата на Република Македонија и паралелното движење во интеграцијата и надминување на билатералните разлики.

NIKOLIK1На средбата на претседателот Иванов со претседателот Николиќ, беше оценето дека Република Македонија и Република Србија имаат интензивен политички дијалог на највисоко ниво.

Претседателите Иванов и Николиќ оценија дека Република Македонија и Република Србија имаат традиционално пријателски односи, интензивен политички дијалог на највисоко ниво и соработка во повеќе области од заемен интерес, која во наредниот период треба да се продлабочи.

Двајцата претседатели разменија мислења и информации и за актуелните политичко-економски состојби во двете земји, како и за севкупните состојби во регионот со посебен нагласок за предизвиците поврзани со стабилноста и безбедноста.

NIKOLIK1