Одбележани 72 години од нападот на партизанскиот одред „Даме Груев“ од Коњско

Делегација од Општинскиот одбор на Сојузот на борци-Охрид положи свежо цвеќе на спомен плочата во Коњско, со што се одбележани 72 години од нападот на партизанскиот одред „Даме Груев“ од с.Коњско.

На одбележувањето присуствуваа учениците и наставниците од училиштето како и жители од населбата. Историски час на учениците им одржа потпретседателот на ОО на СБ-Охрид Никола Стефаноски.

WebOhrid