Под покровителство на општина Охрид, а во организација на Здружението за заштита и одгледување на украсни птици „Дијамантски петел„ во (четврток) 11-ти јуни, пред хотелот Милениум ќе се одржи манифестацијата „Шарен цвет“.
Изложбата на украсни птици се реализира по втор пат со тенденција да прерасне во традиционален настан.
На случувањето, со свои уметнички креации ќе учествуваат учениците од основните и средните училишта како и најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“.
Целта на случувањето е да се пробуди интересот кај најмладите за украсните птици како и за останатите птици и животни. Манифестацијата ќе започне во 10:00 часот и е предвидено да трае до вечерните часови.