Денес во дворот на ОУ „Григор Прличев“ инструкторите од школата за едрење „Aqua ice“ од Охрид под мотото „Учиме да едриме“ на учениците им одржаа предавање.
„Започнаа со најважното–сигурност при пловењето, за понатака на учениците да им ги објаснат сите постапки на овој интересен спорт.
Учениците без запознаени дека уште од седум години, обучени, можат да пловат на едрилица од типот која им беше презентиран. Едрењето може да биде задоволство за сите охриѓани, езерото со сета своја убавина е дар за сите нас, најмногу за децата кои во летниот период можат да уживаат во него.“– велат од училиштето.