Клубот за спортови на вода „Акватика“ врши упис на нови членови на возраст од 7 до 12 години во школата за едрење која започнува на 15- ти јуни (понеделник) и ќе трае цело лето.
Уписите ќе се вршат во просториите на клубот кој се наоѓа на плажа Горица 1, до поранешен х.Парк (Голден Бич) од денес 10-ти до 14-ти јуни, од 11:00-17:00 часот.
Школата за едрење се состои од 2 дела: теоретски и практичен.
„Во теоретскиот дел се учат основните делови на едрилицата и нејзината опрема, основи на метеорологијата, основните едриличарски принципи и однесување на вода, како и основните регатни правила. Низ практичниот дел се изучуваат основното управување со едрилицата, едрење во различни курсеви во однос на ветерот, едрење по слаб и умерен ветер, основни едриличарски јазли.
Школата за едрење трае во текот на целото лето, а во зависност од напредокот, новите членови се вклучуваат во понапредна група и добиваат можност да настапат на дел од националните и меѓународните натпревари низ Европа на кои нашиот клуб клуб е редовен учесник.“– информираат од Клубот за спортови на вода „Акватика“ Охрид.
За дополнителни информации заинтересираните можат да се јават на тел. 078 472-482 и 078 269-041 и преку официјалната FB страна: https://www.facebook.com/watersportsclubaquatica.