Какво време не очекува наредните денови?

Од Управата за хидрометеоролошки работи најавуваат дека во наредните денови нашето подрачје ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ, при што за време на викендот и во почетокот на следната недела дневната температура ќе биде повисока од просечната за овој период од годината.

Во попладневните часови се уште на некои места ќе има појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, особено во планинските подрачја.