Најдобриот македонски судија ја доби честа да ја дели правдата на натпреварот од квалификациите за ЕУРО 2016 меѓу репрезентациите на Малта и Бугарија.
Нашиот интернационален судија повторно ќе ја дели правдата на еден меѓународен натпревар. Ова е многу значаен натпревар и за двете репрезентации кои не остварија добри резултати во досегашниот квалификациски циклус. Селекцијата на Бугарија е фаворит на оваа средба и само со победа може да фати чекор со водечките репрезентации во групата Х од квалификациите за ЕУРО 2016.
Александар Ставрев ќе биде на центарот на теренот и ќе го води дуелот кој и за двете репрезентации е од суштинско значење. На Ставрев ќе му помагааат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, додека судии позади голот ќе бидат Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски. Четврти судија на натпреварот ќе биде Гоце Петрески.