Билатерална средба од доменот на внатрешна ревизија

Денес и утре во посета на Секторот за внатрешна ревизија на Министерството за одбрана на Република Македонија е делегација од Дирекцијата за внатрешна ревизија на Министерството за одбрана на Република Бугарија. Посетата на бугарската делегација е врз основ на планот за билатерална соработка на министерства за одбрана.

За време на денешната билатерална средба остварена во Домот на АРМ, двете делегации разговараа за размената за искуства од доменот на внатрешна ревизија и тоа во делот на: методологијата на процената на ризиците во планирањето на внатрешната ревизија во одбраната, изработка на методологија за оценување на квалитетот на внатрешната ревизија, како и разменија мислења во делот на подготовката и извршувањето на внатрешните ревизии во одбраната.

За време на денешната посета, двете делегации остварија средби со претставници од Секторот за јавна внатрешна финансиска контрола при Министерството за финансии на Република Македонија.