Стратешка цел на Македонија е да стане полноправна земја-членка на ЕУ и НАТО, тоа е во интерес на сите граѓани и ќе доведе до подобра иднина, економски раст и развој, како и зајакнување на мирот и стабилноста на земјата и на целиот регион. Ова го порача претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски на дебатата „Југоисточна Европа, Западниот Балкан и Европската унија: Што со регионалната стабилност?” на денешната 36-та годишна сесија на формот „Кран Монтана” во Брисел.
На почетокот на своето обраќање, македонскиот премиер посочи дека темата на оваа конференција потсетува на минатото, кога земјите од регионот се оптоварувале со прашањето за тоа кога започнува првиот и вториот крај: стабилизација или пристапување и кога, всушност, не постои строга линија меѓу овие два процеса. Според него, еден може да се постигне само преку друг, стабилност преку проширување и проширување преку стабилност.
„Земјите од Западен Балкан направија голем напредок и многу значајни достигнувања во процесот на европска интеграција во текот на изминатите две децении. Процесот на градење на демократските општества е неповратен во сите земји. Тоа повеќе прави да ни е јасно дека перспективата на членството во Европа е движечка сила за стабилноста и просперитетот во земјите од Балканскиот регион. Тоа е причината зошто нам ни треба помоќна Европа, поенергична Европа и поангажирана Европа“, истакна Груевски.
Првиот човек на македонската Влада истакна дека ЕУ треба да продолжи да го прави она што го прави најдобро, а тоа е користење на моќта на членство за трансформација на земјите во соседството.
„Отворањето на пристапните преговори со земјите кои заслужуваат и кои ги исполнуваат критериумите, како во случајот на Македонија, ќе биде вистински чекор во оваа насока“, додаде Груевски.
Македонскито премиер рече дека додека Македонија се реформираше и развиваше, наша цел во потрага на крајот на тунелот била членство во ЕУ и во НАТО, не како решение за сите проблеми, туку како неоспорна точка на национален консензус, што треба да се стави во реалност од страна на самите нас, во дијалог и партнерство со ЕУ и НАТО. Тој истакна дека земјата ќе продолжи да работи напорно за атамошно подобрување на учинокот на усогласување и спроведување на стандардите и критериумите за доброто на своите граѓани со оние на ЕУ.
Груевски додаде дека Македонија е подготвена да испорача повеќе, односно колку што е потребно. Со пет препораки по ред, во последните пет години за да се започне процесот на преговори, Европската комисија исто така призна дека нивото на хармонизација на македонското законодавство е повисока отколку што е потребно и побарано од страна на фазата од процесот каде е Македонија е денес. Премиерот Груевски рече дека стратешка цел на Македонија е да стане полноправна земја-членка на ЕУ и НАТО и дека тоа е во интерес на сите граѓани и дека тоа ќе доведе до подобра иднина, економски раст и развој, како и за зајакнување на мирот и стабилноста на земјата и на целиот регион.
„ЕУ, САД и други нашите меѓународни партнери имаат голем придонес во процесот на интеграција и членство на Република Македонија во Европската унија и НАТО. Македонија никогаш не го смета овој ангажман како хендикеп, туку како поттик во процесот на нашето интегрирање во ЕУ и НАТО. Република Македонија се соочува со политичката криза. Политичкото раководство на земјата инвестираа напори за да ја надмине преку дијалог и во тој поглед, вчера имавме нова рунда на политичкиот дијалог во Брисел со лидерите на најголемите политички партии“, посочи Груевски.
Македонскиот премиер рече дека кризата во земјата треба да се реши што е можно поскоро, но она што сè уште нема, според Груевски е јасна перспектива на Македонија во ЕУ. Премиерот посочи дека се гледа на оваа криза како можност да се оттргне земјата од состојбата на статус-кво и да се подигне свеста за потребата да се овозможи на Македонија да се движи напред со процесот на интеграција во ЕУ.
„Тоа е причината зошто ние го поздравуваме ангажманот на комесарот Хан и претходно на тројцата европратеници да се олесни дијалогот и да и се помогне на Македонија за надминување на оваа ситуација. Признавам дека кризата создаде многу негативен публицитет за Македонија. Но, меѓу сите овие пораки на загриженост, да не го заборавиме главниот фокус на она што е навистина важно во Македонија и нашите граѓани, да не заборавиме на ЕУ-перспективата и дека Македонија, која е земја-кандидат за членство веќе 10 години. Препораките на Европската комисија се објективна проценка на сцената на реформите во Македонија и усогласување со законодавството на ЕУ. Зад овие препораки лежи напорна работа, сериозна посветеност и силни административни капацитети“, дециден беше Груевски.
Сепак, вели Груевски, сега не е добро време да се гледа наназад. – Силно верувам дека ние наскоро ќе ја совладаме домашната политичка криза. Ние ја охрабруваме ЕУ, а посебно земјите-членки да се обидат да се навратат и да ги истражуваат предлозите кои се на маса веќе некое време, а можеби не добија доволно внимание – како што се овозможување на пристапните преговори и разговори за името да се одвиваат паралелно на двоен колосек или почеток на пристапните преговори и решавање на прашањето за името во раните фази на процесот на пристапување, додаде Груевски.
На крајот во неговиот говор, претседателот на Владата на Република Македонија, истакна дека земјата ќе работи неуморно да ги надмине своите политички предизвици и да ги реши во правен, институционален и политички процес во согласност со уставниот поредок и во рамки на востановените принципи на демократијата на ЕУ и на владеењето на правото.
„Усвојувањето на демократските вредности и имплементацијата на европските стандарди за добро управување на земјите од Југоисточна Европа и Западниот Балкан се и ќе бидат клучни во иднина за регионалната стабилност,“ заклучи Груевски во својот говор.