Топлотен бран, температурите ќе се искачат до 38 степени

Подрачјето на Македонија од денеска постепено ќе потпадне под влијание на многу топла воздушна маса од југ, која во наредните денови ќе услови повисоки дневни температури од просекот за овој период од годината, соопшти УХМР.

Како што информираат хидрометеоролозите особено топло ќе биде во понеделник и вторник кога на повеќе места температурата ќе надмине 34, а во југоисточните делови можно е да достигне и до 38 степени. УВ индексот ќе има вредност меѓу 8 и 9.