Виц

Еден наш моторџија решил да вози низ магла. Го зел својот мотор, арно ама… прст пред око не можел да види. Во еден момент пред него видел кола, а бидејќи не го гледал патот решил да вози по светлото. Наеднаш светлото се исклучило и моторџијата се акнал во колата.

– Зошто застана така одеднаш! – почнал да вика моторџијата.

– Па зошто да не застанам, јас сум во мојата гаража! – одговорил возачот.