Исланд У21 забележа висока победа од 3:0 против Македонија У21

Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година го одигра првиот натпревар од квалификациите за пласман на Европското првенство во 2017 година. Македонија гостуваше во Исланд, но и покрај оптимистичките најави на селекторот Милевски и нашите млади фудбалери, следуваше враќање во реалноста со победата на Исланд од 3:0.

Првото полувреме започна со внимателен пристап и адаптирање кон играта од обете страни. Шанси, иако не толку зрели, имаше и пред голот на Исланд, но и пред голот на Македонија. Во не многу интересни први 45 минути, на полувреме се замина со резултат 0:0.

Второто полувреме беше далеку поквалитетно, но само за домаќинот – репрезентацијата на Исланд. Во 55 минута по нафрлување од левата страна Омарсон го отвори резултатот 1:0. Во 61 минута, по невниманието во нашата одбрана, Исланд дојде до предност од 2:0 со голот на Гунлаугсон. Истиот играч искористи шанса и го зголеми резултатот на 3:0 во 67 минута. До крајот на натпреварот Исланд имаше шанса дури и да го зголеми резултатот, но конечниот резултат остана 3:0.

WebOhrid