Груевски: Се размислува покрај едногодишниот да се воведе едномесечен зелен картон

Владата подготвува одредени промени во постоечката законска регулатива во однос на зелените картони. Имено во овој момент, зелените картони секој може да ги добие за една година, не може за пократко и тие за возила до 66 коњи чинат околу 60 евра, а над 66 коњи чинат 90 евра, изјави премиерот Никола Груевски, при посетата во Охридко-струшкиот регион.

„Сега се размислува покрај едногодишниот да се воведе едномесечен зелен картон за оние што сакаат таа опција да ја одберат. За оние што поретко патуваат, на оние што им треба само за годишен одмор во странство или слично да се воведе и едномесечен кој што би чинел 30 евра за оние патнички возила до 66 коњи, а оние што имаат над 66 коњи да чини 50 евра. Така што за оние луѓе кои не излгуваат често од државата, односно тоа го прават еднаш или неколку пати во едномесечен период  за годишен одмор или слично да се воведе и ваква можност, па да си одберат. “ рече Груевски одговарајќи на новинарско прашање.

WebOhrid