Свечен концерт на ОМУ „Методи Патче“

По повод одбележувањето на 7 Ноември- Денот на ослободувањето на Охрид, синоќа во Основното музичко училиште „Методи Патче“ се одржа свечен концерт.

Ученици од основното музичко училиште се претставија со одбрани дела и покажаа дека не случајно се меѓу најдобрите во Република Македонија и пошироко во регионот.