На Европските игри што се одржуваат во Баку, Азербејџан, Емил Павлов и Мартин Несторовски остварија огромен успех со освојување на бронзените медали.
Емил Павлов во категоријата -60 кг., во првото коло се бореше со Евгениј Плахутин од Русија и мечот го заврши со резултат 0:0. Во второто коло го победи Французинот Софијан Агуџил со 2:1 а во третото коло против натпреварувачот од Србија Марко Антиќ резултатот заврши нерешено. Во полуфиналето Емил водеше до последната секунда со 4:2, но сепак изгуби на казнени поени и дисквалификација од натпреварувачот на Азејберџан, Фирдовси Ферзалиев. Во борбата за бронзениот медал повторно се бореше со Марко Антиќ од Србија, кого го совлада со резултат 2:0.
Мартин Несторовски во категоријата +84 кг., во првото коло настапи со Гркот Маргаритопулос и борбата заврши нерешено. Во второто коло Мартин извојува победа над домашниот натпреварувач Шахин Атамов со резултат 5:3, а во третата загуби од Светскиот првак Енес Аркан од Турција со резултат 0:3. Во полуфиналето Мартин изгуби од Германецот Џонатан Хорне со резултат 0:5, а во мечот за бронзен медал Мартин го победи актуелниот европски шампион Слободан Битевиќ од Србија со 5:3.