Среда неработен ден за припадниците на ромската заедница

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ„ бр.21/98 и 18/07), 8-ми април 2015 година (среда), Меѓународниот ден на Ромите е неработен ден за припадниците на ромската заедница во Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на припадниците на ромската заедница во Република Македонија им го честита Меѓународниот ден на Ромите.