Со завршувањето на натпреварите во гаѓање со воздушно оружје – национална програма, пионерите и пионерките за првпат после години недостижно лидерство, го изгубија приматот и во поединечна и во екипна конкуренција, информираат од СК „Охрид“.
„Непознавањето на судиите на правилата ги чинеше охридските стрелци губење на првата позиција. Имено при ист број на кругови, како во поединечен така и во екипен пласман треба да одлучува последната подобра серија, но судиите одлучија истото да го направат по одредување кој има повеќе 10-ки во последната серија. После прогласувањето на победниците и напишаниот Приговор од наша страна, судиите ја увидоа својата грешка, но веќе беше доцна, па пласманот на охриѓани е следен:
Во конкуренција на пионерки Луана Поповски од ЗСК „Лихнидос“ со идентичен број на кругови (164) како и првопласираната, но со послаба последна серија ја зазеде втората позиција (напомена – на ниту еден погодок судиите не ставија гурка-постапка која се спроведува при сомнителни погодоци).
И во екипен пласман исто како и во поединечен:
Второ место во пионерска категорија, со еднаков број на кругови (441) како и првопласираната екипа на Кавадарци отиде за СК „Охрид“ во состав:
Виктор Димоски 149
Петрит Аголи 147
Димоски Марио 145 (за кој ова беше дебитантски настап)
И кај пионерките истата ситуација:
Второ место со идентичен резултат од 448 кругови со првопласираните пионерки од СК „Стрелец“ отиде за пионерките на СК „Охрид“ во состав:
Мартина Коцоска 156 кругови
Симеона Милеска 143
Марија Магдалена Шишкоска 149
Голем хендикеп е што Стефани Ефтимовска не беше ставена во екипа, а со нејзиниот резултат од 158 кругови, охриѓанки ќе беа недостижни за цели 9 кругови.“- додаваат од Стрелачкиот клуб Охрид.