Социјалдемократската младина на Македонија, во соработка со Прогрес Институт за социјална демократија, и со поддршка од Фондацијата Макс Ван Дер Штул од Холандија, и оваа година традиционално ќе организира летен камп за млади социјалдемократи, кој ќе се одржи во периодот од 2 до 5 јули 2015 година.
Оваа година на кампот ќе учествуваат повеќе од 90 млади луѓе од цела држава. Планирани се едукативни презентации, интерактивни работилници и работа во групи. Учесниците ќе бидат поделени во три работни групи на дадените теми:
– Предизвици и перспективи на социјалдемократските младини од Западен Балкан
– Избори
– Човекови права и фундаментални слободи
но и ќе добијат конкретна и специјално дизајнирана обука од областа на ПР-от и политичката кампања со цел зголемување на нивното индивидуално знаење и вештини.
Традиционално, гостин на летниот камп ќе бидат претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев како и други претставници на партиското раководство.
Заради големиот интерес, СДММ при изборот на кандидати ќе внимава на родовата застапеност и застапеноста на учесници од различни региони од Македонија
Сите заинтересирани за пријавување на летниот семинар потребно е:
– да бидат членови на СДСМ односно СДММ, на возраст од 18 до 26 години
– да биле дел од клучните проекти на СДСМ и СДММ во изминатиот период
– да не учестувале на претходните летни кампови организирани од СДММ и Прогрес Институт за социјална демократија
– да испратат CV и партиска биографија
Овие податоци заинтересираните потребно е да ги испратат на следниот
е-mail: letenkamp2015@gmail.com, најдоцна до 21.06.2015.
Напомена: Само избраните кандидати ќе бидат контактирани. Трошоците за сместување, редовни оброци и превоз се на сметка на организаторот. Присуството на сите предавања на семинарот е задолжително, во спротивно учесниците сами ќе треба да ги подмират трошоците за сместување, редовни оброци и превоз.
Извор: www.sdsm.org.mk