На вандалското однесување на поединнци му нема крај. На неодамна ревитилизираниот дрворед од јасени по булевар „АСНОМ“ искршени се 15 стебла кои ЈП „Охридски Комуналец“ ги имаше засадено.
„И покрај напорите на нашето претпријатие за подигнување на еко-свеста и зачувување на јавните урбани добра, постојано се случуваат вакви немили настани со кои се уништува зеленилото кое треба да им служи и на идните генерации.“- велат од претпријатието.