Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, по повод почетокот на рамазанските пости, упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница во Република Македонија, реис-ул-улема ефенди Сулејман Реџепи, до членовите на Ријасетот и до сите припадници на исламската вероисповед во Република Македонија.
„Рамазан е месец посветен на молитвата и поклонението, великодушноста и помагањето, сочувството и милоста кон помалку среќните. Во овој период на празнување посакувам кај сите верници од исламската вероисповед да преовладува чувството на мир, љубов и меѓусебно разбирање. Уверен сум дека, негувајќи ги духовните и моралните вредности ќе продолжиме да градиме мостови на взаемно пријателство во духот на македонскиот модел на соживот и почитување и прифаќање на различноста.“– стои во честитката.
Иванов на поглаварот на ИВЗ му посака Рамазанските пости да ги помине во мир и благосостојба, а на припадниците на исламската заедница им посаква семејна хармонија и радост.